„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Спектакуларно кабаре со 30 уметници се одржа во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Kabare-Bitola-5

Со спектакуларно кабаре шоу во кое учествуваа над 30 уметници, пејачи и актери, во Битола започна со работа комплексот „Голд Фелициа“. Гостите уживаа во уникатната кабаре претстава која понуди разни уметнички точки и песни за сите генерации.

— реклама —

- Комплексот доби гламурозно отворање какво што му доликува, а многубројните гости имаа прилика да се уверат во се она што истиот веќе може да им понуди, велат од „Голд Фелициа“.

— реклама —

Покрај танчерите на сцената церемонијален мајстор беше Жарко Димоски, а го придружуваа пејачите Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и пејачките Полина Тасева, Калина Велковска и Христина Јовановска.

За кореографијата на танчерите се погрижи Илија Кардакоски а за изгледот на сите учесници модниот дизајнер Андреј Папаз.

- Кабаре шоуто го најави и отвори просторот кој ќе биде наменет токму за тоа, музички изненадувања на кои им нема крај, секојдневни настани на кои ќе гостуваат популарни домашни и странски имиња, што особено ме радува, рече Димитар Андоновски, музички директор на целиот проект.

Казиното е опремено со најсовремени слот машини, рулет и останати игри на среќа, „Голд Фелициа“ а во склоп на комплексот работи и ресторан со специјалитети приготвени од врвните готвачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања