СПМ за одлуката на комисијата за отворање на црковни прашања: Древната Охридска Архиепископија има јасна и потврдена историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_0349

Социјалистичката партија на Македонија изразува крајно несогласување од одлуката на македонските претставници во мешовита историска комисија да прифатат отворање на црковни прашања како тема на дискусија.

— реклама —

„Оваа неразумна одлука на ова откроирано работно тело претставува потврда на ирационалноста од неговото постоење како резултат на штетниот и антимакедонски билатерален договор со источниот сосед.

— реклама —

Социјалистичката партија на Македонија ги потсетува македонските членови-историчари дека древната Орхридска Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, длабоко вкоренета во колективната меморија и во душата на македонскиот народ.

— реклама —

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека било кое црковно прашање не смее да биде тема на дискусија на било која лаичка комисија освен во црковните теолошко хисториски кругови во православниот свет.

Социјалистичката партија на Македонија овој чин го сведува на уште една бугарска провокација, ценејќи дека овој приземен, недоличен и недостоен обид воопшто не може да го загрози статусот и постоењето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.

Социјалистичката партија на Македонија искучува секаква можност за било какви компромисни решенија затоа што е повеќе од очигледно дека кај бугарската страна не постои ниту почетна искрена намера, ниту добра волја, ниту политичка и научноопштествена подготвеност за сериозен разговор, освен антимакедонските стојалишта и отвореното присвојување на македонската историја и култура, македонскиот народ и македонската држава“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања