Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Спомените никогаш не згаснуваат – сведоштво на Бригадирот Душко Маџоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
madzoski

Некогашниот студентски бригадир Душко Маџоски го памети скопскиот земјотрес по страв и викотници. По избезумени и расплакани луѓе. Го памети и по храбри и солидарни луѓе кои помагаат разурнато Скопје да се издигне од пепел. По 54 години, за него работните бригади се двигател, симбол на обнова. Помагаа на скопјани со срушени домови, ги вадеа повредените и мртвите, пееја песни за мотивација… Студентите ги поставуваа темелите на новото Скопје, објави radiomof.mk.

— реклама —

Душко Маџоски е возрасен скопјанец, своевремен секретар на Сојузот на резервни воени старешини. Секогаш ќе ве сретне насмеан. Поткривнува со бастумот, вика „нежен сум со здравјето“, ама е насмеан. Се додека не почне да раскажува за земјотресот од 26 јули, 1963 година. Тогаш гледате како старец се претвора во студент. Цел се вкочанува. Погледот е отсутен, бега далеку од клупата и игралиштето каде седнавме да поразговараме.

„Во тој период бев дел од студентската работна бригада ’Мирче Ацев’, која учествуваше на изградбата на автопатот ’Братство – единство’ на делницата Белград – Параќин. Работевме заедно со бригадата ’Мите Богоевски’. Тоа беа студенти од Правен, Градежен, Земјоделски, Филозофски, Медицински факултет од главниот град“, раскажува Маџоски,

— реклама —

Вели, тензијата се чувствувала меѓу сите бригади. И оние од Сараево, Загреб, Љубљана, меѓу мешаните бригади… Имале убава дружба, развиле сплотеност и заеднички дух. Ги испратиле на автопатот со песни и разиорени знамиња, мотивирани за изградба. Но, сега веста била застрашувачка за сите. Ги стаписала. Особено оние со родители и пријатели во Скопје.

„Веднаш беше организиран превоз, ни обезбедија исхрана и здравствена заштита. Разделбата беше мачна. Не’ испратија со солзи. Во автобусот никој од студентите не зборуваше. Молк и неизвесност. Многу од бригадирите беа потресени, но подготвени за предизвикот“, се присетува Маџоски.

Како што се доближувале до Скопје чувствувале грозна атмосфера. Кон градот се упатувале санитарни, здравствени и спасувачки возила од цела Југославија. Од Скопје, пак, излегувале екипи за евакуација. Вели, сеќавањето не испарува ниту по 50 години, раскажува Маџоски за radiomof.mk.

„Сега, многу сум вознемирен од земјотреси. И од годинешните, и од ланските потреси на скопското тло. Ме ‘пресекуваат’. Знам што значи да се спасуваат граѓани, да се работи на разрушени објекти. Сите мои колеги, студенти дадоа прилог во спасувањето на Скопје“, нагласува Маџоски.

 

 

Текстот во целост на: radiomof.mk

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања