Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Според најновиот извештај на ЕК - Македонија треба да ги започне преговорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Најновиот извештај на Европската комисија повторно со позитивна оценка за реформите во правосудството. Во него е наведено дека државата испорача опипливи резултати со посебен фокус на судските реформи и проактивни истраги, кривично гонење и правосилни пресуди за случаи за корупција и организиран криминал, вклучувајќи случаи на високо ниво, соопштија од Министерството за правда.

„Во извештајот е нотирано дека постои значителен напредок остварен при зајакнувањето на независноста на судството. За својата констатација извештајот се повикува на Венецијанската комисија: ‘властите беа конзистентни во своите напори да ги усогласат законите кои се однесуваат на правосудниот систем во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики’“, велат од Министерството.

— реклама —

„Судскиот совет игра поголема проактивна улога и во заштитата на независноста на судиите, но и во примената на подобрените правила за дисциплинска одговорност. Oд јули 2019 година, разрешени се шест судии, вклучувајќи го претседателот и двајцата судии од Врховниот суд, како и тројца други судии (вклучувајќи го поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје). Одземен е имунитетот на судија од Управниот суд во 2019 година, како и за еден од членовите на Судскиот совет осомничен за измама во декември 2019 година“, стои во извештајот.

Европската комисија, додаваат од Министерството за правда, цени дека државата остварила успех донесувајќи го новиот Закон за јавното обвинителство, а главната цел на новиот закон, според Комисијата е да „обезбеди одговорност за сторените прекршувања на законите и целосно затворање, до правосилна судска пресуда, на случаите кои ги отпочна СЈО“.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања