Според њујоршките филмски критичари, најдобар документарец за 2019 - „Медена земја“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
medena-zemja

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ доби награда за најдобар документарен филм во 2019 година од Друштвото на њујоршки филмски критичари. 85-та церемонија ќе се одржи на 7 јануари на годишната гала на Њујоршките филмски критичари.

— реклама —

Според изборот на NYFCC, најдобар филм во 2019 е „Ајришмен“ на Мартин Скорсезе. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на гала-вечер на 7 јануари во Њујорк.

— реклама —

„Медена земја“ минатиот месец освои две награди и на Изборот на критиката за документарци во САД во Њујорк. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена награда за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

— реклама —

Филмот е и меѓу петте номинирани за најдобар документарец на Европските филмски награди за 2019 година кои ги доделува Европската филмска академија (ЕФА). За овој избор одлучуваат гласовите на 3 600 членови на ЕФА, а победниците ќе бидат прогласени на свеченост задутре (7 декември) во Берлин.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања