„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Според Протоколот идеите на АСНОМ се злосторнички а Македонија треба да биде бугарска колонија, тврди Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_0610

„На 17-ти јули 2022 година, потпишан е протоколот од Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана врз основа на членот 12 од понижувачкиот т.н „договор на пријателство“ меѓу Македонија и Бугарија. Од изворот на политичкото бунило се пои со одново обмислена реалност, во која одново живеат мрачни сили на црна идеологија - на насилство, грабеж и помор за племенитите идеи на единство и слобода на балканските народи. Поданичката и предавничка власт, ја исполни својата суштина и конечно ја стави македонската идеја на отстрел пред бугарските фашистички цели. Политички, нашиот државен врв прифаќа подредување и политичка доминација на внатрешните работи на Македонија од страна на друга држава!“, вели Левица.

— реклама —

Од партијата додаваат:

Историски, изминатите децении на демонизирање на повоениот режим и рехабилитацијата на криминалната историја на фашизмот, сега, за официјална Софија се целисходни за конечна ампутација на асномскиот карактер на нашата државност - кој е незаменлив!

— реклама —

Цивилизациски, ова е недозволиво - идеите на домашните колаборатори и предавници од Втората светска војна, кои Народно-ослободителната револуција имала за цел да ги сотре, скриени од последиците во други земји, преживела. Откако сме во западна прегратка, тие се сега повторно тука, и сакаат да се пресметаат со нашата антифашистичка историја - која е врежан доказ во македонскиот народен гениј и споменик за грозната природа на бугарскиот фашизам!

Македонската и југословенската држава, по Втората светска војна припаѓа на оние кои својата слобода ја платиле со лична жртва и покрај загубите, го победиле ѕверството на сојузниците на оската Берлин-Рим. На тие луѓе, бугарските фашистички окупатори сакале да им ја одземат земјата и идентитетот, да им ги убијат најблиските и разделат семејствата.

Сега, материјалните спомени на тие македонски партизани ќе станат предмет на прогон за нео-фашистите од дома - слуги на туѓи дворови. Слободната македонската држава од минатото, која рамо до рамо се постави со победниците од војната, ќе стане злосторничка, а сега - слободоумните Македонци ќе бидат злосторници кога ќе се повикаат на идеите од АСНОМ.

На нашата победа и на АСНОМ им претходи бугарска инвазија, окупација и анексирање на Македонија. Кога бугарските великодржавни апетити со помош на домашните врховисти ќе успеат да ја надминат пречката на АСНОМ - тоа означува регресија во околностите од пред оваа историска разврска. Околности кои се идентични на оние кои се наметнуваат сега. За нивната понатамошна интерпретација можеме да се повикаме на историска рамка која ќе ни ги даде одговорите - за како ќе треба да ја интерпретираме сопствената и старословенската историја со бугарски предзнак, како ќе го дефинираме сопствениот јазик и како ќе се чуствуваме и доживуваме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.20.38

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања