Промени тема
Контакт

Според Транспаренси изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен“, само на ЈО му требаат месеци за да побара запирање на работите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

И според Транспаренси изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен“, само на ЈО му требаат месеци за да побара запирање на работите, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Требаше да помине повеќе од еден месец како медиумите, граѓаните, стручната јавност и ВМРО-ДПМНЕ нотираат корупција во изборот на надзорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д за ЈО да каже дека води истрага.

— реклама —

Наместо штури објаснувања, ЈО да побара запирање на работите на надзорот и да спроведе брза истрага, која ќе гарантира дека парите на народот не се раскрчмуваат со матни зделки, и ќе санкционира секаква нерегуларност.

Власта го компромитираше целиот процес со надзорот.

— реклама —

Со амин на Груби фирма која до вчера произведувала долна облека сега ќе врши надзор над проект тежок милијарди. Истиот тој Груби сега е назначен за координатор на проектот, а надзорот за кој постојат бројни обвинувања непречено почна да наплаќа милиони од државна сметка.

— реклама —

Затоа секое непостапување на ЈО само ќе го загрози државниот интерес и парите на граѓаните, и тоа исто како и целиот процес ќе бидат дел од ревизија по промена на власта“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања