Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Спорот со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување како што сака Филипче и СДС“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0cd91uemq4nhepQRUBE

Билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија треба да се решава врз принципот на реципроцитет, а не преку нови отстапки и потчинување, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција.

— реклама —

На прес-конференција, Манасиевски истакна дека Владата останува на ставот дека евроинтегративниот процес мора да биде двонасочен и дека покрај Македонија, и Бугарија треба да ги исполни своите обврски.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека европскиот пат на Македонија не треба да биде еднонасочна улица, туку дека Бугарија треба да ги испорача своите обврски, како што се пресудите од Европскиот суд за човекови права“, рече Манасиевски.

— реклама —

Тој оцени дека граѓаните ја поддржуваат европската перспектива на државата, но во исто време не поддржуваат нови отстапки како услов за членство во Европската Унија.

— реклама —

Манасиевски упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што рече, „потчинувачка политика“ кон Бугарија и за усогласување на ставовите со официјална Софија.

„Времето кога Македонија водеше потчинета и понижувачка политика заврши. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи нови понижувања во евроинтегративниот процес на Македонија“, истакна Манасиевски.

— реклама —

Од владејачката партија нагласуваат дека остануваат посветени на европскиот пат на државата, но без прифаќање на нови условувања и отстапки кои, според нив, би биле на штета на националните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања