Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Spotify воведува нова функција: YouTube и Netflix добиваат конкурент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-libraryjoobcdn5nn0m68nD8PQ
фото: unsplash

Шведскиот стриминг-гигант Spotify официјално ја пушти во употреба новата опција за аудио-статии, продолжувајќи со проширување на својата понуда надвор од музиката и подкастите.

Корисниците на платформата отсега ќе можат да слушаат аудио-верзии од ексклузивни текстови на некои од најпознатите светски списанија, меѓу кои Vogue, The Atlantic и Variety.

Во првата фаза, Спотифај ќе понуди повеќе од 650 подолги статии на англиски јазик за корисниците кои веќе имаат пристап до аудио-книги.

— реклама —

За разлика од класичните интернет-вести, кои најчесто имаат меѓу 200 и 500 зборови и се читаат за неколку минути, овие текстови содржат од 2.000 до над 10.000 зборови. Нивното читање трае од 15 минути до еден час, додека аудио-верзиите можат да достигнат и до два часа.

Новата услуга е поврзана со моделот на претплата. Премиум корисниците ќе имаат директен пристап до аудио-статиите во рамки на нивниот месечен лимит за слушање аудио-книги.

— реклама —

Од друга страна, корисниците без претплата ќе можат поединечно да купуваат аудио-статии по цена од 1,99 долари.

— реклама —

Овој потег доаѓа во период кога Спотифај бара нови начини за зголемување на ангажманот на корисниците и зацврстување на лидерската позиција на пазарот.

Компанијата се соочува со растечка конкуренција од генеративни АИ музички стартапи, но и од традиционални ривали во сферата на видеото и подкастите, како што се YouTube и Netflix.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања