Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Спутник Лајт“ создава силен имунитет особено кај луѓе кои прележале ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Актуелно
sputnik-lajt

Руската вакцина против коронавирус Спутник Лајт, која се дава во една доза гради силен имунитет, особено кај луѓе кои претходно го прележале ковид 19, според резултатите од првата и втората фаза од тестирањето објавени во списанието Лансет.

Научниците од рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Gamaleya“, кои ја развиле оваа вакцина, следеле 110 волонтери на возраст од 18 до 59 години во Санкт Петербург кои биле вакцинирани во јануари.

— реклама —

Научниците ја анализираа неутрализацијата на вирусот во однос на оригиналната варијанта и открија мало, но статистички значајно намалување на одговорот на антителата за алфа и бета соеви.

— реклама —

Русија претходно соопшти дека ефективноста на „Спутник Лајт“ против делта сојот, три месеци по вакцинацијата, е 70 проценти.

— реклама —

„Спутник Лајт покрај за примарна вакцинација, може да се користи и како ефикасно средство за понатамошна ревакцинација или вакцинација по прележан вирус“, се наведува во студијата.

Министерот за здравство Михаил Мурашко минатата недела изјави дека ресорното министерство предложило за ревакцинација да се користи само „Спутник лајт“ поради ширење на делта сојот.

„Спутник Лајт“ беше одобрен за клиничка употреба во Русија на 6 мај.

– Сметаме дека вакцината „Спутник лајт“ може да придонесе за забрзување на темпото на вакцинација во Русија, како и во другите земји на кои им недостасува вакцина – се наведува во студијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања