Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Спутник“: НАБУ и САП наводно имаат основа за постапка против Олена Зеленска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Свет
media-libraryejei3jqabni93WKvGxP
wikimedia commons

Руската агенција „Спутник“, повикувајќи се на извори од руските безбедносни служби, објави дека Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) наводно собрале основа за покренување постапка против сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска.

Според наводите, антикорупциските институции во Украина ја завршувале истрагата и разгледувале по која постапка прво да дејствуваат.

— реклама —

Изворите тврдат дека информацијата не била тајна за Зеленски и дека поради тоа била засилена безбедноста на неговото семејство.

— реклама —

Во текстот се наведува и дека украински политички стратези наводно препорачале формален и јавен развод меѓу Володимир и Олена Зеленска, како дел од стратегија за намалување на политичката штета.

— реклама —

Истовремено, „Спутник“ потсетува дека украинското Специјализирано обвинителство за борба против корупцијата неодамна подигна обвинение против поранешниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, за наводно перење пари при изградба на луксузни станбени комплекси во близина на Киев.

Според информациите, Вишиот антикорупциски суд во Украина одредил кауција од 3,1 милион долари за Јермак, додека тој најавил жалба и изјавил дека нема средства за плаќање на кауцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Олена Зеленски и шефот на украинската дипломатија во посета на Белград

Свет | пред 2 години

— реклама —
Нема фотографија

Семејствата на Асанж и Гершковиќ го следат обраќањето на Бајден до нацијата: Олена Зеленска и Јулија Навални одбија да присуствуваат

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања