Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Срамниот избор на Дамева за претседател на Судски совет го покажува трулиот систем, Ковачевски продолжува да го распупува правосудството, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Slika

Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е нов срам за македонското правосудство. Вчера за претседател на судски совет беше избран лик за кој постојат фотографии со Заев кои потврдуваат дека е париски активист и член на партиската комисија за правда во СДС. Скандалозен беше и самиот избор на Дамева за член на Советот, кога по предлог на Пендаровски од стручна соработничка во основен суд беше инсталирана во органот кој треба да одлучува за избор и оценување на работата на судии. Ете таков човек догура до позиција на претседател на Судски совет, иако нема облечено судска тога, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Распупеното судство од Заев, Ковачевски продолжува да го распупува. Како расте партизацијата на правосудството од страна на СДС и ДУИ, така се намалува довербата кај граѓаните. Правосудниот систем е во колапс.

Секој ден излегуваат скандали за неговата трулост. Колку што е скандалозен изборот на Дамева, исто толку скандалозен е и изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

— реклама —

Полагањето на правосудниот испит на синот на Талат Џафери кој е при крај со Академијата за судии и обвинители и со неправо ќе треба да дели право.

— реклама —

Оставката на претходничката на Дамева, Црвенковска која обвини за бизнис- судска клика.

Изборот на шефови на обвинителства само со еден кандидат, затоа што другите се под притисоци да не се пријават и уште многу други скандали за месец дена.

— реклама —

СДС и ДУИ црпнуваат партиски војници и ги ставаат на високи правосудни позиции за да може непречено да цвета криминалот и корупцијата на власта. Но времето на одговорност ќе дојде и за криминалците од власта и нивните заштитници во судството. Секој ќе одговара за тоа што го сторил, но и тоа што не се борел против криминалот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања