Промени тема
Контакт

Срамно и неодговорно е Ковачевки со насмевка да одобрува понижување на државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-06-11-125145

Ковачевски со цинична насмевка ја понижи Македонија пред цела Европа, оставка и извинување е најмалку што треба да направи, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Понижувањата кои СДСМ и Ковачевски и ги приредуваат на Македонија немаат крај. Ковачевски наместо да ја застапува и штити Македонија, тој на понижи пред цела Европа.

Наместо да ги штити македонските државни и национални интереси, Ковачевски со широка и цинична насмевка ги распродава.

Крајно срамно и неодговорно е еден премиер со насмевка да одобрува понижување на државата во време кога се загрозени нејзиниот идентитет, јазик и историја.

— реклама —

Да биде пострашно и позапрепастувачки Ковачевски со насмевка одобри Македонија да ја наречат идна Западна Бугарија во истиот период кога токму од Бугарија бараат да прифатиме дека се што било на територија на Македонија до 1944 било бугарско.

— реклама —

Дали тоа значи дека Ковачевски веќе го одобрил тоа, па сега му е смешно дека македонската јавност се уште не е известена?

Очигледно Ковачевски едно зборува дома, а друго прави надвор и позади завесата, исто како што правеше неговиот ментор Заев. Со ова уште еднаш се потврди дека Ковачевски не е ништо повеќе од обичен пион и спроведувач на антидржавните и анационални политики на Зоран Заев.

— реклама —

Ковачевски со ваквата постапка го погази достоинството на македонската држава и македонскиот народ и не е достоен да ја носи функцијата премиер. Поради овој скандал потребно е веднаш да си поднесе неотповиклива оставка и да му се извини на македонскиот народ.

Премногу е! Понижувањата и распродажбата на државните и национални интереси од СДСМ мора да престанат. Народот на 18-ти јуни преку протест јасно ќе покаже дека оваа власт мора да си замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања