Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Срамно и ниско, ВМРО-ДПМНЕ кочи мерки за ранливите граѓани во Собранието, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
290724145_611003056943760_3989563964702095050_n

ВМРО-ДПМНЕ во време на криза, срамно и ниско кочи законски решенија кои обезбедуваат мерки за финансиска помош за ранливи категории како пензионери со ниски пензии, приматели на минимална помош и самохрани родители, вели СДСМ

„Веќе трета недела претседателот на собраниската комисија за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ не закажува седница на која треба да се расправа за помош за ранливите категории граѓани.

— реклама —

Оваа помош е дел од последниот пакет мерки, изготвен од Владата предводена од СДСМ вреден над 360 милиони евра за поддршка на граѓаните и компаниите за справување со последиците од кризата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно опструира законски решенија додека граѓаните чекаат помош од државата.

Ова е уште една потврда на крајното лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна продаваат загриженост за граѓаните, а од друга го кочат и опструираат разгледувањето и усвојувањето на мерките за помош.

— реклама —

Околу 200.000 лица од ранливите категории, пензионери со ниски пензии, приматели на минимална помош и самохрани родители со нетрпение ја очекуваат финансиската помош, која треба да ја добиваат наредните четири месеци.

— реклама —

Во време на криза се потребни брзи и ефикасни решенија.

Крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и одговорност пред граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања