Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Срамот и хаосот во судството не застанува, ако СС незаконски разрешува претседател, што останува за обичниот граѓанин којшто бара правда, прашува Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
georgiev-sudski-sovet

„Срамот и хаосот во македонскиот таканаречен правен систем, препознаени и надвор од Македонија, не застанува“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Случајот со Весна Дамева и одлуката на Управниот суд покажува само дека, ако во Судскиот совет се разрешува претседател, ако се работи незаконски и се носат одлуки спротивно на пишаните норми, што останува за обичниот граѓанин, којшто бара правда пред било која истанца на македонското судство.

— реклама —

Разрешувањето на Дамева, претходната оставка заради нагласена политички- бизнис притисоци врз Црвенковска, изборот на претседател на Советот по Дамева, и сега одлуката на Управниот суд, во очите на домашната и меѓународна јавност се опишуваат со македонската “Од шупливо- во празно".

— реклама —

Да имаат грам достоинство, членовите на судскиот совет веднаш би требало да си поднесат оставка.

— реклама —

Ова нема крај, препознаени се истите игри и врз Врховниот суд, закани за разрешувања, коишто носат дополнителен немир и несигурност кај граѓаните, но и аларм кај меѓународната јавност.

Почитувани,

Никогаш не било полошо. Хаосот во судството е резултат на владеењето на ДУИ и СДС, резултат на политички одлуки и пишување на закони во партиски штабови по мерка на криминалот.

За оваа ситуација директно одговори се СДС, ДУИ, Ковачевски и Пендаровски. Тие и нивните пратеници ги бираа главните актери во оваа сапунска серија, за што постои и признание од страна на Пендаровски.

Се додека СДС и ДУИ се на власт, Македонија нема да има независен правосуден систем.

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања