Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Србија до крајот на годинава почнува со изградба на нафтоводот кон Унгарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Србија планира до крајот на годинава да ја започне изградбата на новиот нафтовод што ќе ја поврзува границата со Унгарија со Нови Сад, а завршувањето на проектот се очекува за околу две и пол години.

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека првичниот план бил работите да започнат наесен, но дека почетокот зависи од тековните процедури.

— реклама —

Новиот нафтовод треба да обезбеди дополнителен правец за снабдување со сурова нафта и да ја намали зависноста од единствените постојни транспортни канали. Србија и понатаму ќе се снабдува преку ЈАНАФ, но врската со Унгарија ќе може да функционира и самостојно.

— реклама —

„Суштината е да не се потпирате само на еден правец на снабдување. Ако тој правец откаже од технички, економски или политички причини, треба да имате други можности“, посочи министерката.

Таа оцени дека целосно избегнување на зависноста од увоз не е можно, бидејќи Србија нема доволно сопствени количества нафта и гас. Затоа, како што наведе, клучно е зависноста да се распредели меѓу повеќе правци и добавувачи.

— реклама —

Изградбата на нафтоводот е предвидена на трасата од Хоргош до терминалот Нови Сад, вклучувајќи го и самиот терминал. На територијата на Србија трасата ќе биде долга нешто повеќе од 100 километри.

— реклама —

Планираниот капацитет на новиот нафтовод е околу 5,5 милиони тони сурова нафта годишно, а проектот ќе овозможи Србија да добива нафта од правецот на Унгарија, преку чија територија минува нафтоводот „Дружба“.

Компанијата „Транснафта“ од Панчево на крајот на декември распиша тендер за изградба на нафтоводот меѓу Србија и Унгарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 1 ден

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 3 дена

policija-srbija

Го претепале до смрт сведокот за случајот со малата Данка Илиќ, уапсени осум полицајци во Србија

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања