Домашни и првични реакции во Србија предизвика одлуката на Крвичниот совет при Основниот кривичен суд во Скопје, кој вчера донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Томор Морина за кое Република Србија побара екстрадиција од Македонија.
Токму кон таа адреса се свртени и очекувањата на Белград.
„Постапката за екстрадиција на Морина треба да се води во согласност со Договорот за екстрадиција меѓу Србија и Северна Македонија, потпишан на 29-ти ноември 2011 година. Ако се исполнети сите услови утврдени со тој Договор, Северна Македонија има обврска на барање на Србија да го испорача лицето побарано заради кривично гонење“, изјави за „Политика“ професорот по Меѓународно право нa белградскиот Правен факултет, Александар В. Гајиќ. Тој потенцира дека конечната одлука не ја носи судот, туку министерот за правда, и доколку екстрадицијата е регулирана со меѓународен договор, Министерството за правда е должно да ги изврши договорените обврски.
Уште пред одлуката на Кривичниот суд во Скопје, запрашан заради кои аргументи Морина не треба да биде екстрадиран, вицепремиерот Османи за Дојче веле кусо изјави: „Најдете еден случај, која било држава да екстрадирала косовски државјанин за обвиненија од војната во 1999 година!
Одлуката на Судот во Скопје наиде на задоволство во Приштина, од каде претходно стигнуваа пораки дека евентуалната екстрадиција на Морина во Србија може да ги наруши односи меѓу Косово и Северна Македонија. Но, во домашната јавност немаше таков впечаток. Клучниот коментар беше: „Ако не се нарушијa oдносите кога Косово одби да ги екстрадира двајцата првообвинети во случајот ‘Монструм' за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, зошто да се нарушат сега?“