ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

„Србоманските политички елити да ги остават македонските Бугари и да не ја продолжуваат политиката на геноцид“, вели Џамбаски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2023-01-14-150919

Европратеникот Ангел Џамбаски, познат по провокациите кон македонскиот народ и оспорувањето на историските факти не пропушти шанса во Скопје да го искористи чествувањето по повод 95 години од смртта на македонската револуционерка Мара Бунева за да упати националистички пораки.

— реклама —

– Се собираме на Кејот на Вардар за да и оддадеме почит на големата Бугарка Мара Бунева и да укажеме поддршка на браќата Бугари во Македонија. Тука присуствуваат Бугари од различни делови, организации, но заедно сме да кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари. Да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Браќа Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде српечен како да се чувствува.

— реклама —

Нема да дозволиме наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Македнија. Вечна слава на Мара Бунева и вечна слава на сите бугарски херои – рече Џамбаски и ги повика околу 500 присутни клекнувајќи да и оддадат почит на Бунева.

— реклама —

По овие пораки, Џамбаски напиша “Еден народ! Две држави!“ во коментар на видеото во кое Бугари среде Скопје извикуваат “Мизија, Тракија, Македонија!“ алудирајќи на картата на Голема Бугарија и обединувањето на трите географски области за кои Бугарите сметаат дека се нивни.

За претходните пораки кон македонскиот народ од страна на Џамбаски, нашето МНР не реагираше. Вербална нота Османи испрати само кога Џамбаски во својата националистичка реторика ги спомна и актуелните политичари. Останува да се види дали нашиот министер за надворешни работи ќе реагира на провокациите од Џамбаски и неговото ВМРО со оглед на тоа дека се случија на стотина метри од МНР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања