Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Средба Богоев – Кванјанг Ко: Започнува реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко остварија средба во седиштето на корејската Царина во Сеул на којашто најавија отпочнување на реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад.

— реклама —

Богоев заедно со помошниците директори, Маженковски и Ветеровски, е во дводневна работна посета на Царинската служба на Република Кореја, што се реализира во рамки на неодамнешниот потпишан Меморандум за соработка со корејската Царина.

— реклама —

„Имплементацијата на овој систем ќе помогне во унапредување на ефективноста на Царинската управа, односно да собереме повеќе пари во Буџетот, да бидеме партнер на бизнис заедницата, и да се бориме против организираниот криминал и корупцијата што повторно придонесува за повеќе приходи во Буџетот“, рече Богоев.

— реклама —

Oдлуката за доделување на грантот од Владата на Кореја следи по тригодишна анализа на македонската Царина по што е одлучено дека како лидери во регионот, грантот треба да биде доделен токму на Царинската управа на Република Северна Македонија. Во оваа насока, од страна на генералниот директор Кванјанг Ко беа поздравени заложбите што ги презема македонската Царина со цел зголемување на ефективноста на Царината и создавање услови за поголема конкурентност на македонската економија.


Богоев во рамки на средбата ја истакна посветеноста на нашата држава на процесот на интеграција во ЕУ и поставување на основите за функционирање на единствен пазар.


„Стратешка цел е Република Северна Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија до 2030 година што значи дека македонските граници ќе бидат граници на ЕУ. Ова значи и целосна хармонизација на нашето законодавство со европските регулативи. Воедно во континуитет работиме на целосна дигитална трансформација на Царинската управа и имплементација на нови и унапредување на постоечките ИТ системи во линија со системите на ЕУ“, вели Богоев.


Во текот на утрешниот ден ќе бидат потпишани Меморандуми за соработка коишто ќе отворат нови можности за финансиска поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања