Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4853

Плановите во делот на енергетиката поврзани со производство на електричната енергија беа дел од разговорите меѓу Сања Божиновска министерката за енергетика и Артур Лорковски, директорот на Европскиот секретаријат за енергетика.

Средбата се одржа во рамки на неформалниот состанок на земјите членки на Енергетската заедница, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија и Украина.

— реклама —

На состанокот беа усогласени правилата за имплементација на интеграцискиот пакет за електрична енергија и оптимизацијата на алокација на прекуграничните капацитети за пренос помеѓу земјите. Тоа значи координирана пресметка на цените и движењата со цел пазарот да биде попредвидлив и полесно да се порамнува цената. Исто така се разговараше и за донесување на нов Закон за енергетика, за што на земјата и е даден нов рок до 15 септември.

— реклама —

Министерката Божиновска на состанокот накусо ги објасни планираните проекти на новоформираното министерство кое има за цел да го зајакне овој сектор и притоа да ги намали на минимум можностите за корупција или злоупотреби. Токму корупцијата, како што посочи Божиновска, е причина што немаме значајни инвестиции во делот на енергетиката. Фокусот на новото министерство, објасни министерката ќе биде ставен на капитални инвестиции кои на долг рок значат стабилност во однос на производството на електрична енергија во земјава.

— реклама —

За насоките од Енергетската заедница за Македонија и моменталните состојби во однос на секторот енергетика, Лорковски на 8ми јули доаѓа да го презентира извештајот пред македонските парламентарци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања