„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Средба Џафери-Данчила: Членството на СРМ во НАТО и ЕУ значи безбедност на цел Западен Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
3-1

Работната посета на Романија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери ја заокружи со средбата со Премиерката на Романија, г-ѓа Василика Виорика Данчила.

— реклама —

Премиерката, г-ѓа Данчила искажа задоволство од средбата и упати честитки за усвоените реформски закони и надминувањето на отворените прашања со соседните земји. Воедно, упати честитки и за денешната ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Сенатот на Романија. Таа подвлече дека проширувањето со земјите на Западен Балкан претставува приоритет за романското претседателство, при што истакна дека отпочнувањето на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ во јуни ќе го сметаат како врвно достигнување на романското претседавање со Советот на ЕУ.

Претседателот Џафери се заблагодари за отворената поддршка на Романија и посака успешно претседавање со Советот на Европската унија и успешни претстојни избори за Европскиот парламент. Тој се заблагодари за конзистентната поддршка на нашиот евроатлански пат и подвлече дека за нас членството во НАТО претставува врвен државен и стратешки приоритет за кој има поддршка од граѓаните и широк политички консензус. Претседателот Џафери изрази искрена верба дека за време на Романското претседавање со Советот на ЕУ, Република Северна Македонија ќе ги започне пристапните преговори за членство во ЕУ во јуни 2019 година.

— реклама —

Соговорниците истакнаа дека членството на Република Северна Македонија во НАТО и Европската Унија е од големо значење не само за безбедноста и економскиот развој на нашата земја, туку и за целиот регион на Западен Балкан и пошироко. Меѓу другото, се разговараше и за унапредувањето на положбата на претставниците на малцинствата во двете држави, а посебен акцент се стави на интензивирањето на соработката на културен, образовен и економски план.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања