Средба Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски. Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори.

— реклама —

Претседателот на Владата, Џафери, на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. При тоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.

Од страна на јавниот обвинител Коцевски, беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес и изрази целосна поддршка за премиерот во секоја фаза во насока на препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.

— реклама —

Заеднички се констатираше дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока се потенцираше улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Се нагласи и очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-44-7840PM

Не може Талат Џафери да биде премиер ако му е верификуван мандатот за пратеник, реагира професорката Најчевска

Македонија | пред 1 година

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Џафери до поглаварот Стефан: Просветителското дело на Свети Кирил и Методиј и интеркултурниот потфат се епохални и обврзувачки за доброто на сите

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери во чест на Свети Кирил и Методиј и патронатот на Униврезитетот: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок

Македонија | пред 1 година

IMG_3977

Средба Џафери – Троказ: Македонија да продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања