Средба Џафери- Хаџијев: Црноморската економска соработка нуди можности за продлабочена економска поврзаност меѓу Европа и Азија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
XHAFERI-1

— реклама —

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес оствари средба со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка, Асаф Хаџијев.

Премиерот Џафери изрази задоволство од продолжувањето на воспоставениот дијалог со Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка и во новото својство како претседател на Владата, потврдувајќи ја неговата убеденост дека дипломатијата на секое ниво на власта, било да е парламентарна или извршна, е неопходна во сегашниот сложен меѓународно-геополитички контекст, и истата придонесува во намалувањето на тензиите, градењето на доверба и наоѓањето решенија.

— реклама —

Премиерот го истакна значењето на организацијата за Црноморската економска соработка и изрази задоволство од придобивките од досегашното четиригодишно членство на Северна Македонија, кое не значи само членство во структурите на организацијата, туку нуди можност и за продлабочена економска поврзаност меѓу двата континенти, како и трите различни региони - Балканот, Кавказот и Црното Море.

Во таа насока, се осврна на клучните стратешки проекти кои придонесуваат за поголема поврзаност и интегрираност на регионот, а со тоа носат и нови економски придобивки за земјите, како на пример Коридорот 8, кој го поврзува Јадранско со Црно море.

Генералниот секретар Хаџијев, му го честиташе на премиерот Џафери стапувањето на новата функција, изразувајќи задоволство и очекување за натамошен континуитет во воспоставениот добар и редовен дијалог со Џафери како претседател на Собранието.

Хаџијев истакна дека, поради својата географска локација, Северна Македонија е клучна земја за Црноморската економска соработка, а членството во НАТО и започнатата интеграција во ЕУ даваат значајна дополнителна, политичка и безбедносна димензија која е добредојдена за зголемена економска динамика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-44-7840PM

Не може Талат Џафери да биде премиер ако му е верификуван мандатот за пратеник, реагира професорката Најчевска

Македонија | пред 1 година

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Џафери до поглаварот Стефан: Просветителското дело на Свети Кирил и Методиј и интеркултурниот потфат се епохални и обврзувачки за доброто на сите

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери во чест на Свети Кирил и Методиј и патронатот на Униврезитетот: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок

Македонија | пред 1 година

IMG_3977

Средба Џафери – Троказ: Македонија да продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања