Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Средба Филипче- Бартолини: Со 4 милиони евра од ЕУ се обезбедува опрема во здравството и јакнење на здравствениот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sredba

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера оствари средба со Никола Бартолини - шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје.

На средбата се разговараше за десет годишната стратегија за развој на здравството со поддршка на ЕУ.

— реклама —

„Го финализираме стратешкиот документ - 10 годишната стратегија за развој на здравството, со поддршка на Европската унија. Со ова, ќе овозможиме унапредување на здравствената заштита, поголемо вложување и стабилен здравствен сектор.  Исто така, во тек е финализирање на подготвоките за ИПА 3 програмата во секторот здравство. Станува збор за акциски документ преку кој ќе се реализираат проекти, активности во областите, унапредување на здравјето на мајки и деца, електронско здравство, како и подобрување на превенција и контрола на незаразни болести.“- истакнува министерот Филипче.

— реклама —

Со помош на ЕУ, се реализира проект за јакнење на здравствениот систем и брз одговор на заразни болести ковид-19 преку кој ќе се обезбеди опрема во вредност од околу 4 милиони евра.

— реклама —

Во изминатите месеци со справувањето со коронавирусот, здравствените установи од Унијата добија 20 механички вентилатори, 20 монитори за интензивна нега, 626 сета за 31.300 тестови и близу 40.000 парчиња разна медицинска опрема, 30.000 заштитни маски за лице, 100.000 хируршки маски, 750.000 хируршки ракавици, 20.000 заштитни очила, како кислородни маски, филтри, катетри и други неопходни материјали за потребите на здравствениот сектор.

Министерот Филипче се заблагодари за целокупната поддршка која ЕУ и ја дава на Република Северна Македонија низ годините, особено во изминативе месеци со справувањето со пандемијата ковид-19.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања