„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Средба Грковска-Купман: Планот за раст ќе ги забрза реформските процеси во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Герт Јан Купман, директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) на Европската комисија.

— реклама —

Во фокус на разговорот помеѓу Грковска и Купман беше Планот за раст на Западен Балкан, во кој еден од столбовите е забрзување на реформските процеси, особено во делот на владеење на правото и подобрување на ефикасноста на правосудството и јавната администрација. Вицепремиерката ја нагласи важноста на Планот за раст, како силен механизам за премостување на периодот до постигнување полноправно членство на Македонија во Унијата.

На средбата стана збор и за потребата, паралелно со спроведувањето на мерките предвидени со Планот, да се засилат активностите за информирање на граѓаните за значењето на евроинтегративниот процес, како и за поддршката која нашата земја во континуитет ја добива од Европската Унија.

— реклама —

Осврнувајќи се на активностите кои изминатиов период ги предводеше Кабинетот за политики за добро владеење, вицепремиерката Грковска информираше за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој минатата недела беше усвоен од Собранието и кој треба да послужи како дополнителен антикорупциски механизам во домашното законодавство. Одговарајќи на прашањето на Купман, дали надлежните институции се доволно екипирани за спроведување на законот, Грковска посочи дека во самото законско решение е предвидено зајакнување на капацитетите и оформување на посебен сектор во Финансиската полиција, специјализиран за овој закон, и додаде дека ќе инсистира во ребалансот на буџетот да се зголемат средствата наменети за Финансиската полиција, Јавното обвинителство и Државното правобранителство.

Двајцата соговорници разговараа и за активностите поврзани со дигиталната трансформација на општеството, како процес преку кој се зајакнува воспоставувањето на политиките за добро владеење на сите нивоа.

Средбата со Купман е во рамки на работната посета на вицепремиерката Грковска на Брисел, која попладнево ќе учествува на конференција на високо ниво, посветена на жените во јавниот живот, во организација на потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Грковска: Со популизам лесно се добиваат поени во јавноста, но се нанесува долгорочна штета на државата

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

Хајредини до Грковска: Борбата против корупцијата ќе зајакне само кога корумпираните, кои со тебе се на власт, ќе одат во затвор

Коментари | пред 2 години

e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Грковска чека реакција за Мерко од правосудните органи

Македонија | пред 2 години

e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Грковска ги опоменала Груби, Османи и Нуредини поради користење службени возила за партиски цели!

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања