Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Средба Мицкоски - Тимоние

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

DSC1212

Денеска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот Комитет Игор Николов оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.

— реклама —

Соговорниците разговараа за изборниот процес во Република Македонија и за претстојниот втор круг на гласање. Мицкоски го информираше својот соговорник за сите притисоци и заплашувања во процесот на кампања од страна на власта, злоупотребите на институциите и состојбите со полициски службеници кои активно земаат учество на партиски митинзи.

— реклама —

Изборниот ден беше оценет како мирен, а беше изразена надеж дека истото ќе биде и со вториот круг на гласање. Мицкоски посочи дека врвен приоритет се демократските избори, кои се клуч за напредокот на земјата. Дополнително беше кажано дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан економски раст.

ВМРО-ДПМНЕ останува силен мотор за зачленување на државата во ЕУ, што е стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања