Средба на директорот на БЈБ со претставници на ОБСЕ/ОДИХР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
106088491_272783174153772_6965262977275566623_n

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска оствари работна средба со претставници од Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР за проценка на изборите во Република Северна Македонија, предводена од Тибор Немеш, експерт за безбедност. Г-динот Немеш истакна дека мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ги следи здравствените и безбедносните протоколи. Директорот Тасевски упати покана за Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР да присуствуваат на Оперативниот штаб кој е формиран за претстојните парламентарни избори и потенцира дека според сите досегашни анализи, нема никакви сознанија дека изборниот процес може да биде нарушен, односно дека Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции ги презема сите неопходни мерки и активности за изборите да бидат мирни и демократски. Директорот Тасевски посочи дека досегашниот тек од кампањата се одвива без проблеми.

— реклама —

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања