Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Средба на државниот врв со градоначалниците на тема попис 2021: Само со заедништво и целосна посветеност до успешен попис!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

DSC_0979

Мора да знаеме што имаме за да ја планираме иднината – е заклучокот од денешната средба на градоначалниците со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, Премиерот, Зоран Заев, министрите за локална самоуправа, Горан Милевски и за правда, Бојан Маричиќ, градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и неговиот заменик, Илми Селами.

— реклама —

„Спроведувањето на кредибилен попис е тест за нашата зрелост како држава“ – изјави претседателот Пендаровски во неговото обраќање на средбата. Тој потенцираше дека спроведувањето на овој попис ќе се случува во целосно невообичаени услови, но дека е целосно сигурен и има доверба во кредибилноста, професионалноста и стручноста на Државниот завод за статистика за спроведување на оваа најважна статистичка операција.

— реклама —

Во своето обраќање, Претседателот на Собранието истакна дека пописот не е и не смее да биде политичка операција и дека е редно да се вброиме во редот на земјите кон кои се стремиме, а тоа ќе го постигнеме само со максимална поддршка за успешно спроведување на оваа сериозна статистичка операција.

— реклама —

Премиерот во своето обраќање особено се осврна на важноста на пописот во процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ и пописот е наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ, бидејќи поглавјето Статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите.

— реклама —

Министерот за локална самоуправа и претседателот на ЗЕЛС ја истакнаа огромната важност што пописните податоци ја имаат за развојот на локалната самоуправа и ја изразија својата максимална поддршка и посветеност кон овој процес кој нè засега сите и од чија успешност зависи иднината и развојот на сите општини и на државата во целина.

„Мојот повик е обединувачки – потребно е политичките партии да го поддржат и стимулираат попишувањето бидејќи само сплотени во идејата за модерна и напредна држава, можеме да успееме“ истакна министерот за правда обраќајќи им се на градоначалниците.

Директорот на Државниот завод за статистика ја истакна и ја поздрави огромната поддршка што Заводот ја добива од сите институции во државата и се осврна на улогата на општините во целиот процес на подготовка и спроведување на пописот. Во својот говор, тој повторно ја нагласи потребата и корисноста од податоците што се добиваат со пописот. Имено, со пописот првенствено добиваме податоци за населението, неговата полова и старосна структура, територијалната разместеност, образовната структура и занимање, миграциите, податоци за домаќинствата и нивната структура според бројот на членови, становите и условите на живеење. Со податоците кои ќе се обезбедат преку пописот, општините ќе можат да го планираат својот развој и да донесуваат одлуки за инвестициите, ќе можат да ги планираат услугите што ги даваат на граѓаните, ќе можат да ги планираат и правилно трансферираат буџетските средства со кои располагаат, а истовремено ќе имаат и основа за побарување на повеќе средства, како буџетски така и од ЕУ фондовите. Освен општините, податоците од пописот ќе им бидат од огромна важност и на бизнис заедницата и на невладиниот сектор. Директорот на Државниот завод за статистика ги потенцираше обврските на општините што произлегуваат од Законот за попис, како и улогата што тие ќе ја одиграат во целиот процес. Апелираше за отворена и сестрана соработка, позитивен пристап и максимално залагање на сите учесници во оваа најмасовна и најзначајна статистичка операција, а Државниот завод за статистика со сиот свој професионален капацитет ќе се вложи во успешната реализација на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања