Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Средба на Џафери со членот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
2-4

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на денешната средба упати благодарност на членот на претседателството на Босна и Херцеговина г. Жељко Комшиќ за неговата посета и искажана почит во однос на одбележувањето на 15-годишнината од трагичниот настан кај Мостар, во кој животот го загуби претседателот на Републиката Борис Трајковски.

— реклама —

Тој изрази задоволство од досегашните одлични пријателски односи меѓу двете земји кои се во постојана нагорна линија и каде што нема отворени прашања и воедно изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, како на политички, така и на економски план, при што ја искористи можноста да упати покана до своите колеги од Парламентот на БиХ за интензивирање на парламентарната соработка на сите нивоа.

— реклама —

„По успехот со потпишувањето на пристапните протоколи за НАТО, очекувам дека во јуни оваа година имаме голема шанса да добиеме и датум за пристапни преговори со ЕУ“, истакна претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Џафери.

— реклама —

Членот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, се заблагодари за средбата со претседателот Џафери и упати честитки за големиот успех кој го постигнавме како држава и истакна дека начинот со којшто го постигнавме Договорот со Република Грција ја става Република Северна Македонија на пиедесталот на земја која е пример кој сите останати земји во регионот го наведуваат како модел за решавање на отворените прашања, потенцираше Комшиќ.

— реклама —

Тој, исто така, ја потенцираше важноста од зајакнувањето на економската и трговска соработка меѓу двете земји и изрази надеж дека оваа соработка ќе се интензивира во иднина, при што искажа очекување дека за Босна и Херцеговина размената на искуства со нашата земја на планот на ЕУ и НАТО интеграциите е повеќе од добредојдена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања