Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Средба на Џафери со Јероним Базо, директор на РАКВИАК - Центарот за безбедносна соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Jeronim-2-M

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими генералот Јероним Базо, директорот на РАКВИАК - Центарoт за безбедносна соработка.

— реклама —

Претседателот Џафери, се заложи за продлабочување на воспоставената соработка со Регионалниот центар за контрола и верификација на вооружувањето и помош во имплементацијата. Воедно, тој стави акцент на принципите за кои се залага РАКВИАК а за кои сме согласни сите дека треба да ги почитуваме, како членки на РАКВИАК, но и како фактори кои треба да дадат значаен и силен придонес во регионалната безбедност.

— реклама —
— реклама —

На средбата, генералот Базо изрази големо задоволство за остварената средба и истовремено упати благодарност за успешната конференција на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија и РАКВИАК,  која се одржа минатата година во Скопје. Директорот Базо, ги оцени позитивно актуелните случувања во Република Северна Македонија и рече дека е тоа пример кој треба да го следат сите држави.

— реклама —

Во продолжение, двајцата соговорници разменија мислења и изразија верба во понатамошна соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и РАКВИАК во иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања