Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Средба на Министерот Перински со Фатих Туркменоглу, Шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5046

Министерот Златко Перински имаше значајна средба со Фатих Туркменоглу, Шеф на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, на која се споделија мислења и се разговараше за најглавните приоритети на ЕБОР во државата, а тоа е укажувањето на значителна поддршка на Македонија во инвестирање во бројни проекти во различни сектори, со цел напредок на државата во конкурентноста, зелената транзиција, како и во процесот на интеграција, како во регионалните, така и на глобалните пазари.

Министерот за локална самоуправа Перински, упати голема благодарност до Туркменоглу за досегашното тридецениско партнерство на ЕБОР со Македонија, како и за ЕБОР како еден од најголемите поддржувачи на нашата држава, чија поддршка и инвестиции имаат огромен придонес во економскиот и социјален развој на општините. Особено значајни се придобивките од инвестициите во секторите за инвестирање во проекти за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, транспортната инфраструктура, енергетиката и гасификацијата, како и општинската инфраструктура за животна средина.

— реклама —

Инвестициските активности од различни партнери се од големо значење за тековниот и идниот развој на државниот и приватниот сектор. Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, како меѓународна институција е значително важен стратешки партнер на Македонија, која повеќе од 30 години, уште од далечната 1993 година, досега има инвестирано над 2,6 милијарди евра во повеќе од 180 проекти.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања