Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Средба на министерот Спасовски со чешкиот министер за внатрешни работи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
oliver-spasovski-670x367

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Чешката Република Јан Хамачек денеска во Прага го потпишаа Протоколот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешка Република за спроведување на Спогодбата за преземање на лица со незаконски престој (Протокол за реадмисија), со што се овозможува  регулирање на процедурите за преземање на лица со незаконски престој меѓу двете држави, но и дополнително се зајакнува соработката со цел поефикасна борба против илегалната миграција.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

На денешната средба министрите Спасовски и Хамачек ја потенцираа добрата соработка меѓу двете држави. Министерот Спасовски се заблагодари на Чешката Република и Министерството за внатрешни работи за несебичната поддршка и помош за македонската полиција во справувањето со миграциската криза, еден од најголемите предизвици за Република Македонија, со кој можевме да се справиме само преку заемна соработка меѓу државите од регионот,  поткрепена со силната поддршка на државите од Вишеградската група и Европската Унија.

Чешката Република направи многу за да и помогне на Република Македонија и тоа преку доделени донации за справување со последиците од миграциската криза, како и за зголемување на капацитетите на македонската полиција, но и со присуство на контингентите на чешките полициски службеници, кои учествуваат во заедничките активности со македонските полициски службеници за зајакнат надзор и контрола на нашата јужна граница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања