Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Средба на Османи со Фаисал Ф. Алибрахим, министер за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со министерот за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија, Н.Е. Фаисал Алибрахим.

— реклама —

 

— реклама —

На средбата беше констатиран досегашниот позитивен развој на односите меѓу двете земји и се истакна заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.

— реклама —

 

Особено внимание беше посветено на економската соработка и трговската размена помеѓу двете земји, при што беше истакната потребата од продлабочување на односите во овој поглед. На состанокот Османи истакна дека министерството за надворешни работи, става посебен акцент на економската дипломатија, за што сведочи и упатувањето на економски советник во Амбасадата во Абу Даби, кој е надлежен и за економска соработка со Кралството Саудиска Арабија.

 

​Во однос на договорната состојба меѓу двете земји, беше изразено заемно убедување дека, потребно е проширување на постојната договорна рамка, со што, ќе се постави основ за натамошно продлабочување на односите помеѓу двете земји.

 

На средбата соговорниците разменија мислења и за соработката на мултилатерален план, за надворешно-политичките приоритети на двете земји, за регионални теми, како и за актуелните меѓународни прашања и предизвици. Министерот Алибрахим исто така се осврна и на нивната кандидатура за домаќини на ЕКСПО 2030 во Ријад и ја презентираше нивната програма за организација на овој светски настан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања