Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Средба на премиерот со претставници на Одбојкарската федерација на Република Македонија - Честитки за пласманот на ЕП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
odbojka-1

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Одбојкарската федерација на Македонија, предводени од претседателот на Федерацијата, Петар Јовановски.

На средбата, од претседателот и претставниците на Одбојкарската федерација е изразена благодарност за поддршката од премиерот Заев, од Владата и од Агенцијата за млади и спорт. Посочено е дека за една година, за Одбојкарската федерација се наменети значителна сума финансиски средства, како никогаш до сега.

— реклама —

Исто така, претставниците на Одбојкарската федерација на Македонија го посочија како значаен исчекор напред, интересот на премиерот Заев и на Владата да ги слушне предизвиците со коишто се соочуваат спортистите и активно да соработува во изнаоѓањето решенија.

Премиерот Заев упати честитки до претседателот на Одбојкарската федерација, Јовановски, до претставниците на Федерацијата, како и до играчите одбојкари, за историскиот успех постигнат годинава со пласманот на Европското одбојкарско првенство.

— реклама —

- Покажавте одличен успех при пласирањето, за тоа изразувам почит кон Федерацијата во име на Владата и во мое име. Имате добри шанси за Европското одбојкарско првенство што ќе се одржи во септември оваа година. Сметајте на поддршката од Владата. Со повеќе мерки, како Влада имаме за цел да го поддржиме спортот, бидејќи нема подобар репрезент на државата од спортот и ништо не зближува повеќе од спортот, рече премиерот Заев.

На средбата се разговараше за начините за поддршка и мотивација на одбојкарите, како што се доделување спортска сала на Одбојкарската федерација, за потребите на развојот на одбојката во Република Македонија, обезбедување соодветни просторни услови за тренинзи, финансиски средства согласно законските прописи, како и за можностите за поголема промоција, како на одбојката, така и на другите спортови во Република Македонијa.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања