Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Средба на премиерот Спасовски со поглаварите на верските заедници: Силна поддршка за справувањето со Корона вирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
16032020_PVRSM_Spasovski_sredba_so_verski_zaednici-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглавари на верските заедници во земјава, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на Католичката црква, бискупот скопски и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, на Евангелско – методистичката црква, претседателот на Црковното претставништво, Емил Заев.

На средбата се поздравени мерките и чекорите што ги презема Владата во справувањето со Корона вирусот, во насока на ефикасна заштита на здравјето на граѓаните.

— реклама —

Изразена е благодарност до премиерот Спасовски за отвореноста за соработка и е изразена силна поддршка да биде направено сè што е возможно од сите страни, за справувањето со ситуацијата.

— реклама —

Премиерот Спасовски ги информираше поглаварите за сите важни информации околу мерките што ги презема Владата за заштитата на здравјето на сите граѓани, како врвен приоритет.

Поглаварите информираа за мерките што тие ги преземаат за поголема заштита на верниците.

— реклама —

Разгледани се можности за максимална заштита на верниците.

— реклама —

Заеднички е ставот дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и дека сите во државата, вклучително и верските заедници и верниците, треба да бидат на ниво на одговорноста со цел да се придонесе за спречување на можно ширење на болеста и непосакуваните последици.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања