Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Средба на премиерот Заев со кувајтскиот амбасадор Ал-Атики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
21082019_PVRSM_Zoran_Zaev_sredba_so_ambasadorot_na_Kuvajt_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Јакуб Ал-Атики, амбасадор на Државата Кувајт за Република Северна Македонија, придружуван од делегација од амбасадата, со седиште во Софија.

На средбата се изразени честитки за решенијата на билатералните прашања на Република Северна Македонија со соседите, на што се гледа како на отворени можности за напредок и  перспективна иднина на нашата држава.

— реклама —

Во таа насока, разговарано е за интензивирање на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Државата Кувајт и се разгледани можностите за олеснување на комуникацијата и движењата на претставниците на стопанските комори и бизнис заедниците на двете држави, како и на граѓаните.

— реклама —

Амбасадорот Ал-Атики соопшти дека има заинтересираност од страна на приватниот сектор во Кувајт за соработка со приватниот бизнис сектор во нашата држава, со оглед дека ваква соработка веќе се реализира со земјите од регионов.

— реклама —

Најавена е и донација од Кувајт за медицинска опрема во здравството кај нас.

Премиерот Заев се заблагодари за интересот за соработка со нашата држава и изрази политичка волја за поддршка на развојот на билатералните односи.

-Ова е време на сериозни исчекори во интеграциите на Република Северна Македонија, што веќе дава резултати во растот на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните. За нас се од голема важност инвестициите, коишто значат нови работни места и повисоки плати, а веќе се бележат растечки трендови на зголемувања на платите и намалување на невработеноста. Сето тоа е резултат на посветеноста на Владата да обезбеди економски развој, преку интеграциските процеси, обезбедување владеење на правото и посветеноста кон развој на капацитетите на институциите, рече меѓу другото, премиерот Зоран Заев, на средбата со кувајтскиот амбасадор Јакуб Ал-Атики.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања