ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Средба на премиерот Заев со претставници на филмските проекти „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, „Медена земја“ и „Исцелител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev_sredba_4

Претседателот на Владата, Зоран Заев, имаше средба со претставници на филмските проекти, филмовите „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, „Медена земја“ и „Исцелител“.

— реклама —

Премиерот Заев им честиташе на филмските работници за огромните успеси на светско ниво, за светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 10. февруари, во официјална конкуренција на престижниот Берлински филмски фестивал, за светската премиера на „Медена земја“ на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, каде што доби три награди, како и за успесите на филмот „Исцелител“, прикажан на 53 меѓународни фестивали и 8 домашни, на коишто освои 15 меѓународни и 4 домашни награди.

— реклама —

- Вашите успеси се успеси и на нашата држава, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев најави зголемување на буџетските средства за филмот, што е поздравено од страна на филмските работници.

- Успесите на државата, со влезот нашата земја во НАТО и очекуваното отворање на преговорите со ЕУ отвора можности за развој на земјава, повеќе инвестиции, повеќе пари, достапност до фондови, но и до нови пазари и полиња. Очекувам дека и вашите успеси само ќе растат, ја имате поддршката од Владата, рече премиерот Заев.

На средбата, филмските работници ги споделија позитивните искуства на светско ниво, што, како што рекоа се успех на целата држава. Во кинематографијата на нашата држава, како што беше речено се препознаваат таленти кои зборуваат на филмски јазик што го привлекува вниманието на светската филмска јавност. Исто така, како што е заеднички констатирано, филмската уметност, како и целата култура, со негувањето на критичкиот пристап, актуелизира важни теми од реалноста, важни за граѓаните, а тоа води и кон поефикасни решенија во општествена смисла. Во таа насока се разговараше за значењето на поддршката од државата, во финансиска и квалитативна смисла, за да може филмот од Република Северна Македонија, да го задржи растечкиот тренд на интересот на светската филмска јавност. Филмските работници ја поздравија средбата со премиерот Заев и определбата на Владата да го поддржи и помага развојот на филмската индустрија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања