ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Средба на премиерот Заев со претставници на Грчката бизнис асоцијација во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

— реклама —
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, се сретна со Арис Влахос, претседател на Грчката бизнис асоцијација во Скопје и со претставници од Асоцијацијата, во којашто членуваат големите грчки компании, коишто работат во државава.

На средбата се изразени честитки за изборот на премиерот Заев и на новата Влада во земјава, на којашто се гледа како на двигател на евроатланските процеси на нашата држава и на билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

— реклама —

На состанокот е разговарано за проширување на соработката помеѓу двете земји преку значително и ефикасно унапредување на економската соработка. Целта е отворање можности за развој на компаниите и на економиите на двете држави, за што постојат реални услови и во што може да даде свој придонес Грчката бизнис асоцијација во Скопје. Во таа насока разгледани се и некои конкретни иницијативи, како што е реафирмација на иницијативата за избегнувањето двојно оданочување, како можност за придобивки за двете страни.

„Претстои период во којшто граѓаните од нашите две држави ќе почувствуваат бенефити од зацврстените пријателски односи. Тоа е возможно преку економијата и активно ќе соработуваме со нашиот стратешки партнер Грција“, рече премиерот Заев.

Заеднички е ставот дека е дојдено време кога граѓаните на Република Северна Македонија и на Република Грција ќе почувствуваат и економски бенефити, по Договорот од Преспа, низ ефикасна соработка помеѓу компаниите и бизнис заедниците од државите, како на билатерално, така и на регионално ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања