Промени тема
Контакт

Средба на премиерот Заев со словачкиот министер Корчок: Словачката Република го поддржува напредокот на државава кон ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
08022021_PVRSM_ZPVRSM_Sredba_Slovacki_MNR_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Никола Димитров, се сретна со Иван Корчок, министер за надворешни и европски работи на Словачката Република.

— реклама —

На состанокот е поздравено лидерството на премиерот Заев во решавањето на прашањата од важност за евроатлантските интеграции, како и во напредокот на нашата држава. Соопштено е дека е препознаен реформскиот развој во сите области во земјава и е најавено дека Словачката Република ќе продолжи да го поддржува развојот на државава и напредокот кон ЕУ.

На средбата е изразена заедничка согласност дека продолжувањето на проширувањето на ЕУ е од значење и за Унијата и за целиот Западен Балкан и е реафиримиран ставот на Словачка дека билатералните прашања треба да се решаваат независно од европските процеси.

— реклама —

„Наша стратешка цел се евроинтеграциите и тоа го покажува поддршката на граѓаните за евроинтеграциите. Посветени сме на европеизација на државата дома, а на европски начин, низ дијалог и меѓусебно разбирање работиме на прашањата што се во полза на добрососедството. 2020 година беше значајна година за нас, кога станавме членка на НАТО и е донесена одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Тоа отвори простор да се фокусираме на економскиот развој, преку помош и поддршка на граѓаните и стопанството - и во време на пандемијата бележиме раст на просечната плата, како и на нови инвестиции“, рече премиерот Заев.

— реклама —

На состанокот е заеднички потврдено дека владеењето на правото во секоја држава значи сигурност и за граѓаните и за инвеститорите и дека е меѓу важните предуслови за развој.

Премиерот Заев и словачкиот министер Корчок оценија дека билатералните односи помеѓу двете држави се добри на политички план, како и е дека постојат можности за унапредување на соработката на економски план.

Претседателот на Владата, Заев, се заблагодари на словачката Влада и на граѓаните на Словачка за денешната донација на 4 модерни и технолошки софистицирани респиратори во вкупна вредност од 100.000 евра, за донацијата од 200.000 евра преку ЕУ механизмот за цивилна заштита во октомври 2020 година, како и за пријателската поддршка од Словачка на Република Северна Македонија, во сите области.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања