Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Средба на премиерот Заев со хрватската амбасадорка Баришиќ: Очекувања за продолжување на ефикасното темпо на развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
26082019_PVRSM_Zaev_Barisic_sredba-2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со ДанијелаБаришиќ, амбасадорка на Република Хрватска во Република Северна Македонија, која го завршува нејзиниот мандат во земјава.

На средбата се изразени честитки за досега сработеното од страна на премиерот Заев и на Владата на внатрешен и надворешен план и е изразено очекување дека развојот и позитивните промени ќе продолжат со досегашното ефикасно темпо.

— реклама —

Исто така изразена е поддршка за интеграциите на Република Северна Македонија.

— реклама —

Разговарано е за важноста од ефикасното справување со криминалот и корупцијата и во таа насока, од донесување на законот за јавно обвинителство.

— реклама —

„Ги поставивме, како Влада, сите предуслови за функционална правна држава. Очекуваме тој процес да го заокружиме со скорешно донесување на законот за јавно обвинителство во Парламентот. Интеграциите во НАТО и очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ ги дадоа првичните резултати со раст на економијата. Повисоки плати и раст на стандардот на граѓаните е она на што сме силно фокусирани“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев изрази голема благодарност до амбасадорката Баришиќ за нејзиниот личен придонес за надминување на најтешките моменти во обновата на демократските процеси во земјава, како и до Република Хрватска којашто е традиционален и искрен пријател и поддржувач на Република Северна Македонија.

На состанокот е соопштено дека напредокот на евро интеграциите на нашата држава и проширувањето на ЕУ ќе бидат во фокусот на хрватското претседателство  со Советот на ЕУ кое започнува од 1-ви јануари 2020 година.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања