Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Средба на претседателот Џафери со делегациjaта на Австралија во ИПУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
2-1-1

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), предводена од претседателот Талат Џафери, денес оствари средба со делегациjaта на Австралија во ИПУ, предводена од Луси Викс, пратеник во Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија. Средбата беше реализирана во рамките на 141. Собрание на ИПУ, што се одржува од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија.

Претседателот Џафери изрази благодарност што Австралија е традиционален поддржувач на стратешките определби на Северна Македонија  за евроатланска интеграција. Тој подвлече дека двете земји се сојузници во борбата против тероризмот во светски рамки и учествуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан. Претседателот на Собранието истакна дека Република Северна Македонија е заинтересирана за интензивирање на политичкиот дијалог со Австралија, со реализација на посети на високо и највисоко ниво, како и за унапредување на економската соработка.

— реклама —

Тој нагласи дека Собранието на Република Северна Македонија е отворена, транспарентна, отчетна и функционална демократска институција, во која се води активен и интензивен политички дијалог меѓу пратениците од власта и од опозицијата. Истовремено, Џафери информираше за актуелните настани во врска со евроатланската интеграција, за спроведените реформи и за тешките но неопходни одлуки што ги донесе земјата, кои ги отстранија пречките на патот за членство во ЕУ и НАТО.

— реклама —

Членовите на Австралискиот парламент упатија честитки за веќе извесното членство на Република Северна Македонија во НАТО и изразија очекување за позитивна одлука од лидерите на ЕУ во врска со определувањето на датум за почеток на пристапни преговори со Унијата. Истовремено, австралиските пратеници упатија охрабрување да се продолжи со реформите на патот кон ЕУ. Беше нагласена добрата соработка меѓу двете земји на полето на одбраната и полицијата, при што беше укажано дека Австралија високо го цени придонесот на земјата во НАТО и учеството во мисијата ИСАФ.

— реклама —

Соговорниците се согласија дека билатералната соработка меѓу двете земји не соодветствува на големиот потенцијал, особено во контекст на големата дијаспора од Република Северна Македонија во Австралија. Тие истакнаа дека бројните иселеници, како и стотиците студенти од земјава што студираат во Австралија, треба да претставуваат мост за унапредување на билатералите односи и продлабочување на севкупната соработка.

Беше оценето дека, одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави следната година, ќе претставува извонредна можност преку разни активности и манифестации да се придонесе кон збогатувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија.

На крајот од средбата, соговорниците изразија надеж за натамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете држави, како на парламентарно ниво, така и во сите полиња од заеднички интерес.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања