Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Средба на претседателот Пендаровски со членовите на ДКСК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-3-1

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, предводени од претседателката на комисијата, Билјана Ивановска.

На средбата членовите на комисијата го информираа претседателот Пендаровски за нивната тековна работа, активностите на комисијата за време на претстојниот изборен процес, како и за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024), што треба да биде усвоена од Собранието на Република Северна Македонија.

— реклама —

— реклама —

Претседателот Пендаровски рече дека стратегијата е добра основа за надминување на приоритетните проблеми кои генерираат висок ризик од корупција и изрази очекување нејзината имплементација да биде транспарентна, односно јавноста постојано да биде информирана за преземените мерки и активности. Претседателот Пендаровски повика на скорешно усвојување на стратегијата во Собранието.

— реклама —

Поздравувајќи ја досегашната работа на комисијата, претседателот Пендаровски на средбата истакна дека е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување на вредносен демократски систем којшто ќе биде во согласност со европските стандарди и критериуми, за што, неопходна е јасно изразена волја на сите политички чинители во државата. Обезбедувањето на транспарентност и ефективна координација и соработка меѓу институциите, според претседателот Пендаровски, ќе придонесе кон намалување на корупцијата и консолидирањето на демократијата.

фото: Кабинет на претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања