Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Иван Корчок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Иван Корчок.

— реклама —

На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји и беше нагласено дека во иднина треба да се интензивира политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво меѓу Северна Македонија и Словачка, штом ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 ќе го овозможи тоа.

— реклама —

Претседателот Пендаровски се заблагодари за силната словачка поддршка за нашите евроинтеграции.

„Исклучително ја цениме силната, континуирана и недвосмислена поддршка од Словачка која е наш значаен партнер и поддржувач во евроинтеграциите, силен партнер во НАТО, a се надевам дека нашето партнерство ќе продолжиме да го негуваме и во рамки на Европската Унија“, порача претседателот Пендаровски.

Претседателот изрази интерес и за интензивирање на соработката, особено во областа на економијата која не го достигнала својот реален потенцијал, иако билатералната трговска размена во последните 5-6 години има константен раст. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази очекување дека ќе се зголемат инвестициите на словачките компании во нашата држава, особено после нашето членство во НАТО и напредокот направен кон ЕУ.

На средбата стана збор и за состојбите во двете држави во однос на пандемијата на Ковид-19, при што се разговараше за конкретни предизвици кои се во интерес на двете држави, а се предизвикани од тешките околности на целиот континент. Претседателот Пендаровски се заблагодари за словачката поддршка и донации во областа на здравството.

фото: Кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања