Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Здружението на лица заболени од дијабетес и Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-4-1-2

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прими претставници на Здружението на лица заболени од дијабетес „Шеќерче – Лолипоп“ од Велес и на Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија.

 На средбата преставниците на здруженијата го информираа Претседателот за состојбата со болеста дијабетес во земјава и го запознаа со своите активности коишто се посветени на влијанието врз политиките за подобри услуги и поголема грижа за здравјето на лицата со дијабетес.

— реклама —

 За претставниците на здруженијата, загрижувачки е податокот дека бројот на заболени од дијабетес во Република Северна Македонија е во пораст. Од 120.000 пациенти со дијабетес, 40.000 примаат инсулинска терапија, а зголемениот број на заболени од дијабетес тип 2 е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и поголем внес на нездрава храна.

— реклама —

 Во таа насока, беше истакната потребата од подигнување на јавната свест за дијабетесот, промовирање на размена на квалитетни информации за дијабетот и обезбедување на едукација и подобри здравствени услуги за лицата со дијабетес.

 Претседателот Пендаровски даде силна поддршка на граѓаните кои се соочуваат со дијабетот, и додаде дека е особено важно да се работи на унапредување на достапноста на третманот и воведување иновативна терапија од страна на релевантните здравствени установи, како и подобрување на здравствените услуги, со цел да им се овозможи поквалитетен живот на нашите граѓани кои се соочуваат со дијабетес.

— реклама —

 Претседателот Пендаровски ги охрабри соговорниците да продолжат со нивните активности и ангажман, со што ќе се направи важен чекор за подобрување на здравствената состојба на лицата со дијабетес во нашата држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања