Средба на претседателот Пендаровски со претставници од Комората на извршители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-1-2-1

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски се сретна со претставници од Комората на извршители, а на средбата присуствуваше и министерката за правда Рената Тренеска Дескоска.

— реклама —

На средбата се разговараше за предложените измени на Законот за извршување, како и за предлозите за посебно законско решение за ограничување на максималниот износ на каматите во однос на главнината на долгот, за воведување на институтот „личен банкрот“ и за рокот на застареност на побарувањата, особено воведување на апсолутен рок на застареност.

— реклама —

Претставниците на Комората на извршители на средбата истакнаа дека се задоволни од законските измени кои предвидуваат отпис на два вида на долгови, односно долгови на граѓаните кон јавните претпријатија, како и отпис на долговите на ЈП кон државните органи. Но, нагласија дека сите законски измени не смеат да бидат на штета на извршувањето, како важен сегмент на функционирањето на правната држава.

— реклама —

Претседателот Пендаровски, од своја страна, го повтори својот став дека секое законско решение треба да биде исклучиво во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.

фото: кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања