Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација и беа разгледани можностите за поинтензивни контакти на сите полиња од заеднички интерес.

Заеднички беше констатирана потребата од унапредување на економските односи меѓу двете држави со оглед на фактот дека Руската Федерација е значаен економски и трговски партнер на Република Северна Македонија.
На средбата беа споделени информации за актуелните случувања во двете држави и регионот.

На овие земјоделци треба да им се помогне , оставени се сами на себе , ова е повеќе од алармантно со оглед дека се неспособни, некадарни и незаинтересирани за македонското земјоделство време е да си поднесат оставки. Време е институциите и Владата да остават на луѓе коишто сакаат , знаат и можат да се грижат за македонскиот земјоделец. Ако ова продолжи ситуацијата ќе биде повеќе од катастрофална, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.