Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Средба на претседателот Пендаровски со турскиот претседател Ердоган во Сараево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-2-2

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево, денеска оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

На средбата беше изразено задоволство од силното партнерство меѓу двете држави, и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, како на политички, така и на економски план. Трговската размена меѓу двете држави е во постојан раст и во 2018 година изнесуваше 505 милиони долари, но, потенцираа двајцата претседатели, економската соработка може уште повеќе да се зголемува, во интерес на граѓаните на двете држави.

— реклама —

Двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбите во двете држави и во регионот. Во контекст на аспирациите на Северна Македонија за членство во НАТО, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Големото национално собрание на Република Турција наскоро ќе го ратификува пристапниот протокол за членство во Алијансата, откако беше одобрен од Парламентарната комисија за надворешни работи на турското собрание.

— реклама —

Претседателот Ердоган рече дека нашата држава ја има целосната поддршка од Турција за членство во ЕУ и во НАТО, со тоа што пристапниот Протокол за членство во НАТО ќе биде наскоро ратификуван во Големото национално собрание на Република Турција.

— реклама —

На средбата, претседателот Пендаровски упати покана за официјална посета на турскиот претседател на Република Северна Македонија, што беше прифатена од страна на претседателот Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања