Средба на раководството на сообраќајната полиција и Мотоциклистичката федерација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0004

Денеска  началникот на Секторот за сообраќај при Одделот за униформирана полиција во Бирото за јавна безбедност Дејан Трајковски и претставници на МВР одржаа работна средба со претставниците на Мотоциклистичката федерација и мото клубовите „Ноќни волци“ и „Но лимит“, на која се разговараше за новодонесените измени во Законот за безбедност во сообраќајот, а пред претстојната сезона на употреба на мотоциклите која с еочекува да почне со подобрувањето на временските услови. Заеднички беше констатирано дека почитувањето на законите може само да придонесе за побезбеден сообраќај и дека затоа сите мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

— реклама —

На состанокот беше презентирана и статистика за бројот на сообраќајни незгоди во кои учествуваат мотоциклисти и беше договрено заеднички да се преземат активности за оваа бројка да се намали. На состанокот беа дадени и предлози за унапредување на соработката меѓу надлежните служби во МВР и претставниците на мотоциклистите и беше договорено ваквите состаноци да се интензивираат, како и да се организираат заеднички едукативни кампањи со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено оние со потешки последици.

— реклама —

фото: МВР

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања