Средба Павлески - Мизо: Планот за 2021 за Костал е раст на приходите од околу 70% и годишен извоз од над 100 М Евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески вчера попладне ја посети компанијата Костал, германска инвестиција во Охрид, каде оствари средба со директорот на компанијата Виктор Мизо.

— реклама —

Посетата следува по состанокот, од пред десет дена, на владиниот економски тим со Советот на странски инвеститори, а е во контекст на зголемените активности на Агенцијата во секторот грижа за инвеститорите.

— реклама —

На средбата се разговараше за тековното работење и предизвиците во овој период на ковид криза со кои се соочуваат компаниите, а беше претставена иницијативата на Агенцијата за креирање на едно системско решение за решавања на прашањата кои ја засегаат работата на инвеститорите.

— реклама —

Павлески нагласи дека грижата за веќе присутните инвеститори е еден од приоритетите на Агенцијата затоа што инвеститорите кога имаат позитивно искуство од работењето овде се решаваат и проширувањата на своите инвестиции да останат тука. Тоа значи и нови вработувања и дополнително раздвижување на локалната економија. Компанијата Костал е таков пример со неодамнашното проширување на инвестицијата со нова производствена хала.

Директорот на Костал, Виктор Мизо изрази задоволство од посетата и ставањето на поголем акцент на „грижата за инвеститори“, а посебно ја поздрави иницијативата на Агенцијата за креирањето на системско решение во овој сектор, истакнувајќи дека ова во голема мерка ќе ја олесни работата на инвеститорите. Што се однесува до работата на Костал тој рече дека компанијата продолжува со реализацијата на плановите и покрај глобалната здравствена и економска криза, при што најави креирање на нови 250 работни места во наредната година, откако во 2020 беа вработени нови 330 луѓе. Дополнително, се планира воспоставување на нови, најсофистицирани линии за најсовремените производи на Костал на глобално ниво.

„Работиме за BMW, Mercedes, Volkswagen, Porsche, Audi, Tesla и Rolls Royce, а од наредната година ќе имаме и проекти за Jaguar и Land Rover, што значи дека над 80% од нашите клиенти, се премиум производители на автомобили. Планот за 2021 е раст на приходите од околу 70% и годишен извоз од над 100 М Евра “ - истакна Мизо

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања