Средба во СВР Охрид, на бродарите уште еднаш им беше укажана неопходноста од строго придржување до забраната за групирање на лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pristaniste-1

Со цел доследно почитување на одлуките и протоколите за работа на пловните објекти и примена на безбедносно-здравствените мерки за заштита на граѓаните од Ковид-19, во СВР Охрид вчера се одржа работна средба со сопственици и капетани на бродови во Охрид, на која присуствуваа и претставници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ -Регионален центар Запад, претставници на Капетанија на пристаништа-Охрид и на Државниот пазарен инспекторат.

— реклама —

На сопствениците и капетаните на бродови посебно им беше укажана неопходноста од строго придржување до забраната за групирање на лица, носење на заштитни средства и користење на дезинфекциони средства во пловните објекти кои се прикотвени на пристаништето или се во движење во водите на Охридското Езеро. Претставници од Одделението за превенција укажаа и на потребата од воведување на редарска служба што ќе се грижи за безбедноста при влез и за време на престојот на патници во бродот, како и редовно информирање преку разглас на патниците за неопходноста од придржување до препораките за носење на заштитна маска и држење на растојание за време на пловидбата.

На бродарите им беа презентирани протоколите за работа во делот за работа на угостителска дејност, со посебен акцент за гласна музика и им беше укажано за неопходната примена на мерките за безбедна пловидба и на другите одредби од Законот за внатрешна пловидба.

— реклама —

Претставниците на СВР Охрид и на другите надлежни институции најавија континуирани контроли на сите пловни објекти кои се прикотвени или пловат по Охридското Езеро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања